Со цел подобрување на функционирањето на цевководите и намалување на бројот на дефектите се предвидува рехабилитација на делничните цевководи.
Ќе се врши замена на досегашните ПВЦ цевки OD 225 mm и OD 280 mm со полиетиленски цевки бидејќи праксата покажа дека се далеку поиздржливи во споредба со PVC цевките, а олеснителна околност е што се достапни на нашиот пазар.
Со замена на материјалот на цевките можно е релативно лесно и после завршената рехабилитација да се изведе нов приклучок на барање на корисниците, кои од разни причини не се приклучиле на цевководот.
Со рехабилитацијата на делничните цевководи ќе се спречи непотребната загуба на вода и ќе се овозможи давање подобра услуга за корисниците.
Во следната табела дадена е динамиката на изведување на рехабилитацијата: