Натпревари во спортски риболов
Секоја година ЈП "Стрежево"вложува напори и дава особен придонес за продолжување на долгогодишните и традиционални натпревари во спортски риболов
кои се одржуваат на рекреативната зона “Акумулација Стрежево”, кои се во организација на МШСР “Црна Река” – Битола:
- Општински натпревар во спортски риболов “Битола”;
- Меморијален куп “Христо Пандиловски - Мачорот” (меѓународен куп во спортски риболов односно деветти посветен на Христо Пандиловски).
Порибување
Акумулацијата “Стрежево”се порибува секоја годинасогласно Риболовната основа, со порибителен материјал од пастрмка, крап, толстолобик и јагула, кој потекнува од регистрирани репроцентри.
Согласно Риболовната основа за рекреативната зона Aкумулација “Стрежево“,порибувањата се извршуваат во периодот од септември до декември.
За оваа намена се планирани средства во вкупен износ од 300.000,00 денари на годишно ниво.
Количина и видови на риби за годишно порибување на акумулацијата
вид на риба |
број на единки за порибување |
просечна маса на порибителен материјалво g | вкупно риба за порибување во kg |
автохтона пастрмка* | 5.000 | 20 ÷ 50 | 100 ÷ 250 |
крап* | 1.000 | 100 ÷ 500 | 100 ÷ 500 |
толстолобик | 4.000 | 50 ÷ 500 | 200 ÷ 2.000 |
сом | 20 | 200 ÷ 1000 | - |
друга бела риба и јагула | 100 ÷ 300 |
*Задолжителни видови на риби и количини за порибување, согласно мислењето на изработувачот на риболовната основа, овластена установа од областа на рибарството и изготвувач на позитивното мислење за годишниот план- Институт за сточарство при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје.
Порибување на рекреативната зона Aкумулација “Стрежево“ со други видови риби, може да се изврши на барање на концесионерот, а по претходно добиено мислење од овластената институција од областа на рибарството.
Физичка заштита на акумулацијата “Стрежево”
ЈП "Стрежево" Битола формира рибочуварска служба за заштита и одржување на рибниот фонд во акумулацијата “Стрежево”.
Во изминатиот период се запленети недозволени риболовни средства, опрема за вршење на риболов и чамци. Против повеќе лица рибокрадци е поведена и соодветна судска постапка.
ЈП "Стрежево" - Битола, веќе воспостави тесна и плодна соработка со рекреативните риболовци - Спортските риболовни друштва кои гравитираат кон оваа рекреативна зона, која соработка се состои во присуство на рекреативните риболовци при вршење на контроли и акции пред се како сведоци, но и помош при евидентирање на прекршителите, фотографирање, снимање и изработка на документација на лице место, следење на активностите на лицата покрај риболовната вода и навремено известување на рибочуварската служба во случај на недозволени активности.