Во периодот од февруари до април извршена е санација и ремонт на III агрегат на ХЕЦ “Стрежево“. При ремонтот извршени се следните активности:
- Демонтажа на осовинскиот склоп (откопчување на замаец, турбинско лежиште, турбинско коло, системи за ладење и подмачкување).
- Контрола на состојбата на површината на трите лежишта со пенетранско испитување со течност (предно и задно генераторско лежиште и турбинско лежиште).
- Испитување на состојбата на материјалот на турбинската осовина со пенетранско испитување со течност, мерење на центричноста на истата и санација на аксијалните прстени на местото каде што работи турбинското лежиште.
- Испитување на состојбата на материјалот на генераторската осовина со пенетранско испитување со течност, мерење на центричноста на истата на лице место и одредување на нејзината радијалната и аксијалната искривеност.
- Извршена е обработка на генераторската осовина во радијален и аксијален правец во фабрички услови. Обработката ги вклучи сите искривени делови, почнувајќи од местото на предното генераторско лежиште па се до прирабницата, како што следи:
- Извршена е обработка на отворите од спојката (генераторска осовина-замаец-турбинска осовина) со рајбовање на лице место и изработка на нови подесливи завртки според новодобиените димензии на отворите.
ПУШТЕНА ПОВТОРНО ВО УПОТРЕБА ХЕЦ "ДОВЛЕЏИК"
Како резултат на коректниот и професионален меѓусебен однос, помеѓу ЈП"Стрежево" и Водовод – Битола, после тригодишна пауза повторно е пуштена во употреба ХЕЦ "Довлеџик".
Во 2014 година производството на електрична енергија од централата е 211.050 kWh, што значително допринесуваат во реализацијата на предвидената финансиска програма на претпријатието.