Со цел обновување и подобрување на возниот парк на ЈП "Стрежево", во тек е постапка за набавка на Моторни возила и мотоцикли
и тоа: 5 Теренски возила, 1 товарно возило со вграден систем за ладење во товарниот простор (термо кинг), 1 патничко возило од средна класа и 5 мотоцикли за теренски и патни услови.
Возниот парк на ЈП "Стрежево" е доста стар и тоа се одразува врз ефикасноста во извршувањето на секојдневните задачи на вработените. Брзината на интервенирање како и безбедноста на вработените кои ги користат овие возила се најбитни компоненти во работењето и затоа претпријатието посветува внимание оваа и наредните две години да се изврши комплетна промена на возниот парк со посовремени и побезбедни возила.
Во меѓувреме се добиени седум возила од Агенцијата за запленет имот, а до крајот на годината ќе се добијат уште две половни возила. Со тоа значително ќе се подобри состојбата со застареноста на возниот парк.