Како резултат на добрата наплата на ЈП "Стрежево" - Битола кај своите корисници, како во индивидуалниот сектор така и во индустрискиот сектор, овозможи претпријатието преку целата година успешно да ги сервисира и своите обврски спрема добавувачите.
Високиот процент од 95% на наплата се должи на блиската соработка со водокорисниците, присутноста на теренот и професионалноста на секторот за експлоатација, што исто така придонесе да се избегнат судските спорови.
Остварувајќи позитивно работење и тоа 19.874.055,oo денари во 2014 година резултира со вложување на средства во насока на набавка на нова опрема односно осовременување на опремата и средствата на претпријатието.
Најекономично работење од постоењето на рибникот
Рибникот кој е во склоп на ЈП "Стрежево" - Битола за одгледување на автохтона пастрмка со свој единствен квалитет препознатлив во Битола, Прилеп, Охрид па и пошироко, во тековната 2014 година ги забележа следните резултати:
-Рибно производство на калифорниска пастрмка 34.535kg.
-Вкупна продажба на црвена и бела калифорниска пастрмка 40.259kg.
-Коефициент на конверзија на храна при производство на калифорниска пастрмка (потрошено храна за произведен еден килограм риба) а како резултат на домаќинското работење на вработените на рибник, изнесува 1,18kg храна : 1kg риба што е најнизок коефициент на конверзија од постоењето на рибникот.