Јавното претпријатие “Стрежево”,во насока на политиката за рестартирање на сите капацитети со кои располага, по подолг период на нефункционирање успеа да ги стави во функција базенот и ресторан "Довлеџик" кои што се наоѓаат во рекреативниот центар "Довлеџик".
После 10 годишно неработење, базенот беше отворен во сезоната 2014, а оваа година е издаден под концесија на 10 (десет) години и подготвен ќе ја дочека летната сезона. Исто така и ресторанот е издаден под закуп на 10 (десет) години со можност за продолжување на истиот на 10(десет) години, реконструиран и обновен. Издавањето под закуп на деловниот простор беше извршено по пат на електронско јавно наддавање согласно Законот за продажба и давање под закуп на деловни згради и Деловни простории на Република Македонија.
Со функционирањето на ресторан и базенот се возобновуваат содржините на спортско-рекреативниот центар Довлеџик а искрена заложба на претпријатието е тој комплекс да профункционира со полн капацитет и да го врати стариот сјај.