Со изградбата на алтернативниот канал, кој го бајпасираше свлечиштето на објектот Г0 над село Драгарино, од 06.08.2015 година во 23:00 часот, се врши континуирано зголемување на количината на вода која се транспортира низ каналот.
Во моментот низ него поминуваат 7,2 m3 вода/секунда, количина на вода доволна за непречено водоснабдување на градот, индустријата и земјоделието, а максимална количина е до 7,5 m3/секунда.
Со оваа количина на вода веќе се преминува кон фазата на комплетна стабилизација на водоснабдувањето.