Санација на свлечиште на Г0
Поради обилните врнежи што го зафатија Пелагонискиот регион, дојде до појава на свлечиште со поголеми димензии во зоната на цевководот и зафатната регулациона градба Г0 на Главниот доводен канал.
Поради обилните врнежи што го зафатија Пелагонискиот регион, дојде до појава на свлечиште со поголеми димензии во зоната на цевководот и зафатната регулациона градба Г0 на Главниот доводен канал.
На ден 14-15.02.2015 година ЈП “Стрежево” организираше хуманитарна акција – хуманитарен викенд на ски центарот “Нижеполе” за помош на настраданите во поплавите што го зафатија Пелагонискиот регион при што беа собрани 151.000 денари. Половина од собраните средства веќе се донирани за лекување на битолчанецот Давид Домазетовски а втората половина од средствата на предлог на градоначалниците на општините Новаци и Могила донирани се на најзагрозените семејства и тоа: Костовски Драги - Ношпал; Благоја Цветаноски - Вашарејца; Секирски Васко - Могила; Станко Мицевски - Новаци; Пецо Шурбевски - Новаци и Илија Николовски - Оптичари.
Во рамките на тековните активности на претпријатието набавени се цевки од дуктилно железо Ø 600 mm, во должина од 2.904 m' од кои 648 m' за проширување на системот за наводнување во регионот на Општина Новаци и 2.256 m' за потребите на ЈП "Стрежево" .
Според одлука на Влада на Р.Македонија за отстапување на возила без надомест, Агенцијата за управување со одземен имот е задолжена да ни отстапи моторни возила со кои би се подобрила состојбата на возниот парк.
Страница 53 од 54